ТОДОРОВ: До последен момент не знаеме кој ќе патува во Талин!

Пред нас е најчудната репрезентативна акција, можеби и во историјата, а предизвикана од пандемијата со корона вирусот.

Националниот тим го очекуваат два натпревара од ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА кои ќе ги игра во Талин. Во овој термин и беше планирано два пати да гостува – во Италија и Естонија, но поради промената на системот, двата меча ќе ги игра на Балтикот.

Корона пандемијата им предизвикува проблеми на сите репрезентации, буквално не постои селектор кој во моментов знае со кои кошаркари ќе ги игра претстојните натпревари. Истото важи и за македонскиот, Александар Тодоров денеска попладне ќе има подобар увид во моменталната состојба бидејќи за претпладнево е закажано тестирање за корона, а резултатите ќе се знаат пред планираната прозивка во 18 часот.

Интернационалците ќе се приклучат директно во Талин, а двајца кошаркари веќе ја одбија поканата – Стојан Ѓуроски поради позитивен тест на корона, а Кирил Николовски поради замор. Селекторот во мини интервју за kos.mk зборува за актуелната ситуација пред почетокот на подготовките.

  • Може ли во вакви услови да се очекува максимум од репрезентативците ако се знае дека некои немаа ни базични подготовки, некои се заразија од корона, Војдан Стојановски долго не е во натпреварувачки ритам, играчите од Работнички и МЗТ Скопје имаа многу натпревари за кратко време, а нема да бидеме ни комплетни?

„Одлично прашање, на кое, за жал, е многу тешко да се даде одговор. Сметам дека овој прозорец мораше да биде одложен, имајќи ги во предвид заложбите на ФИБА дека здравјето на играчите е на прво место, и затоа сум изненаден што на крајот сепак не дојде до поместување на овој прозорец за февруари.

Факт е дека се уште не можеме да објавиме потесен список на репрезентативци, бидејќи чекаме да видиме како ќе поминат нашите интерни ковид тестови денеска. Но, дури и тие играчи кои ќе почнат со тренинзите попладнево, не може да сметаме дека се сигурни патници за Талин, бидејќи ни престои уште едно (овојпат официјално) тестирање во недела, пред самото тргнување на пат. Она што можеме засега да планираме е дека имаме со сигурност само 3 или 4 играчи кои можеме да ги ставиме во категоријата на ‘сигурни патници’, а тоа се оние кои веќе го имаат прележано овој вирус.“

Целото интервју можете да го прочитате на овој ЛИНК.