Тод: На работ на солзи сум, посакував ситуацијата да биде поинаква, но..

Поранешниот шеф на Ферари во златните времиња, Жан Тод, е еден од ретките луѓе кои и по обврските во Ферари, остана во близок контакт со фамилијата Шумахер.

Тод е еден од ретките исто така кој има право и пропусница да оди во Швајцарија во домот на Шумахер и да го посетува неговиот некогашен ученик буквално кажано, но и инклузивно право да го задржи тоа за себе во каква ситуација е најтрофејниот Ф1 возач на сите времиња.

Французинот синоќа ја прими наградата за животно дело од Auto Bild Motorsport во Санкт Петерсбург, а голем дел од заслугите на Тод има и шампионот Шумахер во периодот од 2000 до 2004 година, петте последователни шампионски титули по ред.

Времето кое го минав со Михаел ќе го паметам до крајот на својот живот. Се обожаваме еден со друг, заедно напишавме една неверојатна приказна“.

„Го посетувам барем два пати месечно, го гледам Михаел, неговата фамилија, го сакам тој човек, би сакал ситуацијата да е друга. Верувајте, на работ на солзи сум“, порача Тод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Ферари ја губат довербата со Фетел – екс механичарот удри по Германецот

ВИДЕО: Ф1 палавковци: Незгодно за Сајнц – Рикиардо со крајно прецизен удар на болното место

ВИДЕО: По инцидентот меѓу Фетел и Верстапен – нај-моментот го има еден механичар!

Хамилтон ја одбрани Британија, дојде на 11 победи од Шумахер

Во Ферари очекувано незадоволни од Фетел: Не сме задоволни, можеше подобро!

Тод: Веќе ништо не е исто со Михаел Шумахер!

Леклер најавува дека ќе биде уште поагресивен на трките

Ма каков Хамилтон, Ред Бул го има најдобриот возач во моментов

(ВИДЕО) Страшен пад на возачот на Дукати: Петручи при 160 на час изгуби контрола