Тоа што го кажа Шумахер пред многу години – сега го оствари Луис Хамилтон

Британскиот возач Луис Хамилтон успеа да се изедначи на вечната листа на освоени титули со легендарниот германски возач Михаел Шумахер, со 7 освоени титули.

Доминацијата на Мерцедес е во полн ек последните неколку години, а Хамилтон тоа најдобро го искористи и веќе следната година, тој има шанса да стане единствен со 8 титули и најдобар на сите времиња во Ф1.

Но Хамилтон денеска оствари нешто што од поодамна беше кажано од големиот Михаел Шумахер… „рекордите се тука за да можат да бидат срушени!“.

Статистички гледано, Хамилтон е во егал, а следната сезона може да биде и над сите постигнувања на Михаел Шумахер, со титули, со победи, со пол-позиции, со најбрзи кругови.