Тоа се навивачи: Јунајтед имаше ужасна сезона, а експресно ги продаде годишните билети

Катастрофалната сезона на сите полиња очигледно не оставила простор за сомнеж кај навивачите на Манчестер Јунајтед.

Сите 52 илјади годишни билети за претстојната натпреварувачка кампања се продадени во рекордно време што значи дека „ѓаволите“ повторно ќе имаат максимална поддршка од трибините. Јунајтед го заврши првенството со 32 бода помалку од шампионот Сити, испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Барселона без постигнат гол, а немаше поголем успех ни во домашните купови.

Но, ентузијазмот што го донесе Оле Гунар Солскјер очигледно уште постои, па фановите очекуваат новата сезона да биде многу подобра од претходната.