Непредизвикани од никого и ништо, „навивачите“ на Партизан синоќа го погазија името на славниот белградски клуб и Спортско друштво воопшто со парола извадена на ракометниот натпревар против Вардар.
Во еден момент од мечот, на трибината каде што се наоѓаа т.н. Гробари, осамна жестока политичка порака, испратена не само кон навивачите на Вардар кои ги имаше во мал број во Белград, туку и кон целиот македонски народ.
„Група со српско име бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитетот во глава“, пишуваше на паролата која реализаторот на преносот не се ни обиде да ја скрие, туку десетина секунди ја остави во етер. Групата е Комити, а „бугарскиот војник“ е Гоце Делчев.
Ова не е првпат на дуел меѓу Партизан и македонски клуб да има политичка порака. Во февруари минатата година, на меч на белградскиот тим со Пелистер, кретените кои навиваат за Партизан, неколку пати скандираа: Јужна Србија, никогаш Македонија. Трагично е тоа што ни тогаш, а ни сега, нема никаква реакција , ниту извинување од Партизан.