Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Екипата на МЗТ Скопје од вечерва по седми пат е кошаркарски шампион на Македонија, откако вечерва на домашен терен во третиот натпревар од финалната серија го совлада вечниот ривал Работнички со 85:78 и со вкупни 3:0 дојде до титулата.

По пауза од една година трофејот се врати во Аеродром. Избраниците на тренерот Кочов дојдоа до победа во третиот натпревар од серијата и со „метла“ го совладаа главниот ривал во мак-баскетот.

Работнички беше десеткуван од повреди за финалната серија, а клучот за триумфот е подолгата клуба на МЗТ Скопје.

„Штрковите“ веќе во првата четвртина успеаја да дојдат до двоцифрена предност, но Работничи со мини серија дојде до негатива од пет поени по првата четвртина (29:24).

Серијата на „Центарци“ продолжи и во втората четвртина и избраниците на Докузовски започнаа да го полнат кошот на домаќините што резултираше со голем пресврт и двоцифрено водство за гостите пред крајот на полувремето, а Медфорд погоди за на пауза да се замине со 46:54.

Во второто полувреме домаќините ја стегнаа одбраната, па гостите од „Градски Парк“ немаа решение за агресивната дефанзива, по што набрзо МЗТ се врати во водство. Отпорот на Работнички траеше се до средината на последната четвртина кога фантастичниот Медфорд немаше милост за гостите и со неколку поени во низа донесе солидна предност за МЗТ и на крајот до рутиниран финиш дојде до третата победа во финалната серија и седма шампионски титули во македонската кошарка.

Иванов со 23 поени беше најефикасен кај МЗТ, Мефдорд дојде до 16, Дамјан Стојановски постигна 12, а Магдевски 11 поени. Кај Работнички Чековски и Костов со по 17 поени беа најдобри поединци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗТ Скопје нема да менува: Кочов потврден

Мундобаскетот посиромашен за уште една ѕвезда: Австралија без главниот играч

Сведоштво од прва на човекот кој бил во другиот автомобил при сударот со Кузмиќ

(ВИДЕО) Борба со времето: Кузмиќ со хеликоптер итно пренесен во Белград

Фото: Кошаркарот на Црвена Звезда во кома по страшната несреќа – автомобилот уништен

Залудно го префрлаа во Црвена Звезда – Теодосиќ си најде нов клуб

Спектакл на Западот: Блокбастер меѓу Оклахома и Хјустон

Кошаркар од соседството, потпиша за Голден Стејт

Уште еден „првоборец“ го напушти Голден Стејт