Тинекс Пролет ја потврди соработката со Јовиќ: Презадоволни сме со изборот

Најавите се официјализираа, од денеска нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет е Александар Јовиќ.

Искусниот стратег во иднина ќе го води Тинекс Пролет, се до моментот кога клубот ќе реши да назначи перманентна замена на тренерската позиција по заминувањето на Лембанов.

Јовиќ беше долгогодишен македонски репрезентативец, кој по завршувањето на играчката кариера, има доста успешна тренерска кариера. Ланската сеозна тој ја заврши како шампион на Македонија, на чело со Еурофарм Пелистер, а неговиот минат труд е вреднуван низ годините во младинските категории.

Презадоволни сме што можеме да потврдиме дека потпишавме договор со Александар Јовиќ, идеалниот тренер за Тинекс Пролемт. До пред месец дена тој беше дел од тим кој играше во ЛШ, а од денес стартува со нас. Најзначајно е што Јовиќ дава придонес и во работата со младите ракометари, што исто така е важно за нашиот клуб“, порачаа од Тинекс Пролет.