Тинекс Пролет доби силен шпански противник

Десеткратниот шпански шампион Гранолјерс е противникот што Тинекс Пролет го доби во првото квалификациско коло за Лигaта на Европа, по ждрешката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена.

ранолјерс минатата сезона во АСОБАЛ-лигата ја заврши со 47 освоени бода, на делба на третото до петтото место, заедно со екипите на Ла Риоха и на Хуеска.

Според ждрепката, предвидено е Тинекс Пролет да го игра првиот меч на домашен терен во Скопје на 28/29 август, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Шпанија.

Исто така и македонските женски ракометни претставници во Европскиот Куп на ЕХФ ги дознаа противниците за првото квалификациско коло од ова натпреварување.

ЖРК Вардар за свој противник го доби Приштина од Косово, додека ЖРК Металург ќе ги одмери силите со Дуделанж од Луксембург, а ЖРК Чаир ќе за ривал доби тим од Фарски Острови, односно Х 71.

Деспина од Прилеп ќе има најтешка задача откако за ривал го има шведскиот тим на Скара.