Тимот на Куманово имаше сообраќајна незгода, натпреварот со Куманово нема да се игра денеска

Крајот на плејаутот е пролонгиран за еден ден откако екипата на Куманово поради проблеми не успеа денеска да стигне до Струмица каде од 19:30 требаше да се сретне со истоимениот тим.

Според информациите од клубот на комбето со кое се превезувале кошаркарите пукнала гума по што имало судир со банкината додека возачот успеал да го запре и да го смири. За среќа, се поминало без последици, а ниеден од експедицијата на Куманово не е повреден.

Натпреварот е презакажан за утре од 16:30 часот и со него официјално ќе заврши овој дел од Првата македонска кошаркарска лига.