Тим Зајц полета највисоко и стигна до светското злато

Заврши индивидуалната програма на Светското првенство во ски скокови што се одржува во Планица, а вечерва Словенците имаа огромна причина за славење.

Тими Зајц до титулата светски првак стигна благодарение на големиот скок во втората серија.

Зајц слета на 137 метри, но вкупно имаше 144 поени. Зајц изведе перфектен скок, доби одлични оценки, а покрај се имаше и позитивен коефициент на ветер, што не го спречи да дојде до највисокиот резултат во кариерата.

Колку беше доминантен скокот на Зајц, потврдува и фактот што тој зад себе го остави сребрениот и второпласираниот Рјуја Кобајаши од Јапонија со 10,7 поени разлика.

Полскиот претставник Давид Кубачки стигна до бронзата.

Така Зајц им ја спаси честа на Словенците кои пред вечерашното натпреварување имаа само бронзен медал во мешана конкуренција.

Светското првенство продолжува утре со екипна конкуренција каде сигурно ќе има огромни битки.

Австрија, Словенија, Германија, Норвешка и Полска ќе се борат за медал и тоа сигурно ќе биде шлаг на тортата на ова првенство.