Тим на страната на Ноле: Ова беше нечовечки притисок

Доминик Тим не можеше да ја брани титулата во Њујорк поради повреда, но му даде огромна поддршка на Новак Ѓоковиќ иако му честиташе и на Медведев за одличното издание на УС Опен и неговиот прв Гренд слем трофеј.

Австриецот имаше само пофалби за Ѓоковиќ кој остана на 20 Гренд слем титули, колку што имаат и Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Видовме што се случува во него, што се било акумулирани последните недели и месеци. Тоа беше нечовечки притисок. Го видовте тоа, пред крајот на мечот беше во солзи“, изјави Тим.

Очигледно беше дека публиката го чувствува историскиот момент, па му даде поддршка на Ѓоковиќ, како никогаш досега во Њујорк.