Тие што ја покрија Северна, нека ја покријат и Македонија!

Разбирливо е разочарувањето кај љубителите на ракометатот и навивачите на македонската репрезентација по нејзиниот најлош резултат во последните 22 години.

И самите ракометари признаа дека заслужуваат критики за своите изданија. Навивачите најмногу им забележуваат дека повеќе се занимаваа со политика, отколку што мислеа на ривалите, па тука и треба да се бара една од главните причини за дебаклот и големиот срам што го претрпевме.