ТФТ поразен од Широки во првиот финален дуел од АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски виче-шампион ТФТ не успеа да направи брејк во првиот меч од финалето на АБА2 лигата.

Составот од скопско Тафталиџе загуби на гостувањето кај босанскиот Широки со 88-69 на првата меѓусебна средба.

Иако избраниците на тренерот Боро Смилковски одиграа одлично прво полувреме, сепак во второто домашниот тим го потврди квалитетот.

Имаше ТФТ и двоцифрена предност во првиот период (+11), а на полувреме замина со седум позитива.

Во вториот дел брзо предноста на „црно-белуте“ од Скопје се стопи, а во последната со само 6 постигнати поени, поразот беше неизбежен.

МекКриси заврши со 26 поени и 10 скокови, а Трис додаде 21 поен/ И кај макеоднскиот вицепрвак Американците беа први стрелци. Говенс реализира 17, а Гордон 14 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО