Тежок удар за Арсенал, еден месец пауза за еден од најдобрите стрелци

Екипата на Арсенал ќе биде значително ослабена во следниот период откако напаѓачот Александар Лаказет доживеа повреда на скочниот зглоб и ќе отсуствува околу еден месец.

„Алекс играше со таа повреди неколку недели, но не можеше да издржи. Има шанси да се врати во октомври иако нема да брзаме“, се вели во соопштението од Арсенал.

Оваа сезона Лаказет одигра три натпревари за Арсенал во Премиер лигата и постигна два гола.