Тежок инцидент на Силверстоун: Болидот на Жу наопаку се движеше на патеката

Тежок инцидент се случи на 10. сезонска трка годинава во Ф1, поточно на Силверстоун, каде веднаш беше подигнато црвено знаме.

Кинескиот возач Гванг Жу беше учесник во едно доста тешко превртување. Учествуваа многу од возачите, Жу, Расел, Окон, Цунода, но сепак се чини дека Жу од Алфа помина најлошо.

Неговиот болид се преврте и тој со глава неколку секунди се движеше по патеката. Инцидентот изгледаше навистина страшно, но добро е што нема никаква жртва.