ТЕСТ: VW T-Roc 1.6 TDI 115- Уште една успешна приказна на Volkswagen

Влез на голема врата во сегментот, така може да се дефинира појавата на T-Roc , вистински претставник на актуелните трендови – компактен crossover со градски лик што најавува дека ќе биде вистински bestseller во класата и уште една успешна приказна од Волфсбург..

Уште еден претставник  на Volkswagen, што ја продолжува успешната приказна на брендот во се попопуларниот SUV/crossover сегмент.

Но да ја почнеме приказната од почеток на неколку дневното дружење со  T-Roc опремен со 1.6-литарскиот TDI мотор.

Пред нас е веднаш препознатлив лик на член на семејството Volkswagen, што се гледа од бројните детали со главен акцент на coupe/crossover ставата.

T-Roc е високо кренат од подлогата во однос на Golf, а линија на покривот што нагло се спушта и креира атрактивна coupe линија на возилото, потернцирана со спојлерот на крајот на покривот. Браво за дизајнерите од Волфсбург, не само што го погодиле трендовскиот вкус на купувачите туку креирале и вистинска скулптура на тркала каде острите линии ја потенцираат сета динамика и елеганција, наспроти непропорционалната појава.

Веќе при првата средба Т-Roc делува стамен и гласно вели „јас сум тука“ а вие посакувате да ме имате!

Влегуваме во него и не изненадува комфорот, особено напред каде се чувствуваме поудобно одошто во Golf.

Кабината на T-Roc нуди бројни можности за персонализација со разни панели во различни за супер динамична внатрешност- навистина е создаден за младите.

Како и да е нам некако ни легна класичниот црн ентериер, кој знае можеби се во прашање годините кога посакувате баланс на динамиката и комфорот, мирот.

Внатре се е препознатливо, на свое место со форма што се закон за возила на Volkswagen.

Возачот убаво се сметува во комфорното седиште, повишената позиција и големите стаклени површини обезбедуваат одлична прегледност на патот, а сите команди и контроли ви се лесно достапни и едноставни за ракување.

Кога на ова ќе се надоврзе моментот дека инструментите на  централната конзола се „насочени“ кон возачот, се е по мерак.

Во однос на прегледноста сепак би посакале како стандардна опрема да има и камера за возење во рикверц, соодветно е за неговата класа и реноме, иако и бројните сензори звучни и графички приказ се доволни за прецизно маневрирање наназад во тесен простор.

Забелешки има, сепак Т- Roc не е во врвот на понудата на марката, а моделот на тест имаше, покрај гумирана пластика пријатна на допир и делови од крута пластика, што некако не ви се по мерак.

Тоа пак дава дополнителен акцент на цврстината и трајноста. Сепак би посакале и потпирачот за раце помеѓу предните седишта, што служи и како оддел за одлагање на дребулии, да биде лизгачки а не фиксиран.

Одзади се седи комотно, под услов да не сте со висина над 1,8 метри, тогаш ќе имате проблеми со закосениот покрив, особено ако одите надвор од асфалтот честопати ќе имате блиски средби!.

Функционалноста е ОК, дури и за семејно патување бидејќи гепекот во основа голата 445 литри багаж, а правилниот и широк отвор, овозможува лесно товарање и истоварање.

Но тоа е само ако изберете верзија со погон само на предни тркала, ако ската погон на сите четири тркала, ем што ќе платите повеќе, ќе трошите повеќе и ќе имате помал гепек, со волумен во основа од 392 литри.

Моторната единица во изведбата на тест беше, 1.6-литарскиот TDI што соодветн одговара за T-Roc. Моќен 115 КЅ, при 4000 в/мин и респектабилни 250 Nm вртежен момент во опсег од 1750 до 3200 в./ мин., а ги исполнува строгите Euro 6d-TEMP стандарди за еколошка прифатливост.

Пример е за штедливост  пиеше  5,8 L/100 km, во остар ритам, инаку и под пет литри, а на отворено без форсирања околу 4.3L/100 km, a кога сте нежни со педалите и не јурите повеќе од 90km/h и 3,9L/100 km.  

Од 0 до 100 km/hзабрзува за 10.9 секунди, а максималната брзина изнесува 187 km/h. Трансмисијата на силата на предни тркала оди преку шест степена мануелена механичка кутија.

Управлив е  и динамичен , во свиоци е агилен и покрај малите наклонувања. Забелешка за воланот е индиректен,  но и за буката во кабината со брзина од 130 km/h е висока, што делува на комфорот . Затоа пак е отпорен на вибрации, па дупките и нерамнините традиционални за нашите сообраќајници мазно ги совладува.

Oпременоста е за пофалба сериски доаѓа со пакет Light & Sight (со LED дневни автоматски светла), функција comig home/leaving home.сензори за светла, дожд, пакет за поврзување Bluetooth и USB, читач за SD картичка, дво – зонска клима Climatronic, пакет воздушни перници и завеси, електрично подесување на стакла и ретровизори со греење, систем за задржување во лента Lane assist, мултифункционален управувач опшиен со кожа, како и палката на менувачот, електрична сопирачка, hill holder,  систем за предупредување на фронтален судир Front assist со автономно сопирање во итни услови, магленки, мулти -функционален дисплеј Plus…

Дополнително моделот на тест имаше:  шини на покривот, затемнети за 65% задни странични стакла, паркинг сензори напред и назад со звучно и графичко предупредување, App Conect, Car Play, Android Auto, MirrorLink…, адаптивен темпомат, греење на предни седишта, автоматско загревање на прскалки за предно ветробранско стакло, радио Composition media , шест звучници  …

Се во се  T-Roc е тренд сетер, кој освојува на прв поглед, а по кусото дружење со него „врската“се зацврстува и воопшто не изненадува неговиот пазарен успех кој ја трасира патеката до новиот bestseller на Volkswagen до автомобилското небо!

Технички податоци за

VW T-Roc 1.6 TDI 115

Цена на основниот модел:          Volkswagen T-Roc 1.0 TSI 115 – 20.242 Евра

Цена на тестираниот модел:       Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115 – 24.783 Евра

Повеќе Информации:       Volkswagen.com.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сезоната е пред крај, Роналдо има време да ужива и во Формула 1

(ФОТО) Ќе ви го помати умот: Георгина на Роналдо го покажа своето деколте и задник

ВИДЕО: Тоти не игра фудбал – но продава магични потези на мали терени

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

ФОТО: Кога газда Френк Лампард части, тоа се претвара во жестоко славје

(ФОТО) Победата на Лацио ја прослави соблекувајки се гола

Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

ВИДЕО: Македонија има боречка сила: Волкановски како и Конор МекГрегор го доби Хосе Алдо

Шокантна вест од Лондон: Му откажа срцето среде борба