Тешко му оди на Вардар и во СЕХА, но сепак победува

Благодарение на подобрата игра во последните десет минути, Вардар дојде до седмата победа во осмиот натпревар од СЕХА лигата, совладувајќи ја Војводина во Нови Сад со 35-33.

Во најголемиот дел од мечот бранителот на титулата се мачеше, а Војводина се наоѓаше во водство. Одлучи серијата од 6-2 почната во 50. минута по која Вардар од негатива, дојде до предност од 32-29. Потоа успеа да одржи рамнотежа и да ја сочува предноста која му донесе нови три бода.

Дибиров беше најефикасен во нашата екипа со 11 голови, а Атман постигна 10.