Тешки денови им претстојат на „каталонците“: Барса постави негативен рекорд

Јасно беше дека Баерн е голем фаворит на дуелот против Барселона иако тој се играше на Камп Ноу.

Германскиот првак има одличен тим кој долго време заедно, има еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов и ги има сите придружни елементи потребни за успех. Од друга страна, Барса се наоѓа во процес на реорганизација, без ниедна ѕвезда, а во голема дупка која ја остави најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Оттаму, не е чудо што Барселона беше тотално надиграна во дуелот со Баерн. Единствената неочекувана работа е тоа што не успеа да упати ниеден директен удар кон голот на Нојер, што е прв таков случај во историјата на клубот.