Тешка мисија: Нејмар и Меси имаат два меча во помалку од 20 часа

Суперѕвездите на ПСЖ, Лео Меси и Нејмар, им се „заканува“ несекојдневна ситуација во која за рок од 20 часа, би можече да одиграат два натпревари, на два различни континенти.

Меси вечерва игра со својата Аргентина во Буенос Аирес против Перу, додека Нејмар има натпревар на Бразил против Уругвај.

Од друга страна, ги очекува лигашки натпревар на ПСЖ во петок навечер против Анжер според распоредот од 21 часот.

Тоа значи дека помеѓу почетокот на нивните репрезентативни натпревари и натпреварот на ПСЖ има помалку од 20 часа, а враќањето може да им биде вистински кошмар.

По репрезентативната обврска и натпреварите, Меси мора да помине 8000 километри, додека Нејмар дури 11.000 километри.