Тепачката меѓу Лесор и Петрушев стигна до полиција

Денеска напладне, кошаркарот на Црвена Звезда, Филип Петрушев во присуство на адвокат даде изјава во полиција, во врска со инцидентот на дуелот со Партизан кога беше нападнат од противничкиот центар Матијас Лесор.

Моментот се случи непосредно по последниот звук на сирената кога Французинот се доближи, прво го турна, а потоа и го удри Петрушев со бокс во главата. На крајот се вмешаа кошаркарите на двата тима и ги разделија Лесор и Петрушев.

Центарот на Партизан вчера објави соопштение во кое напиша дека, всушност, се бранел од Петрушев затоа што тој прв го нападнал. Денешната пријава во полиција може да предизвика само прекршочна пријава, а не и апсење на Лесор како што бараат од Звезда.