Тензии на терен: Талески „изеде“ пендрек во глава од полицаец

По завршувањето на куп финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи голем инцидент на теренот меѓу двете екипи.

Во целата таа мешаница во која беа вклучени сите играчи на двете екипи и стручните штабови, се вклучи и полицијата, која мораше да спречи и пред време вакво сценарио.

Во мешаницата на паркетот, пендрак од полицаецот изеде Филип Талески, играчот на Вардар, кој добро го почувствува ударот.

Талески се обиде во еден момент и да тргне кон полицаецот, кој веројатно несмасно реагираше, па на крајот беше спречен уште помасовен инцидент.