Тензичен крај во Канада – Фетел одби да даде изјава, но по тимско радио удри по ФИА

Себастијан Фетел дефинитивно не е задоволен од одлуката на стјуардите да го санкционираат неговиот потег и возење низ тревникот со 5 секунди казна, со што буквално му ја одземаа победата.

Иако Фетел победи, сепак Луис Хамилтон е победник на трката во Канада денеска, а по тимското радио можеше да се насети лутиот тон кој Фетел го испушти.

Ова не е фер, јас треба да сум среќен што не го допрев ѕидот, каде да одам? А тие ми ја одземаа победата, ова не е во ред, воопшто не е во ред“, констатира Фетел.