Тениски класик во полуфиналето на Вимблдон по цели 11 години, Надал си закажа меч со Федерер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во четвртфиналето на Вимблдон лесно го совлада Сем Квериј и си закажа спектакл во полуфиналето против стариот познаник Роџер Федерер.

Надал важеше за голем фаворит против американскиот тенисер што го докажа и на теренот. Мечот меѓу надал и Квереј траеше само два часа, а на крајот Шпанецот славеше со 3:0 во сетови.

Првиот сет понуди најмногу возбудувања бидејќи Квереј пружи одличен отпор, а овој сет траеше временски колку и преостанатите два. Иако Американецот одлично играше, на крајот првиот сет Надал го доби со 7:5.

Во продолжението од мечот се виде дека Квереј нема сили ни квалитет да му направи проблеми на Надал и беше јасно дека Шпанецот оди во полуфиналето. Надал вториот и третиот сет ги доби со по 6:2 и го заврши прашањето околу победникот во овој меч.

Во полуфиналето не очекува вистински тениски класик и спектакуларен дуел на старите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал кои по цели 11 години ќе се соочат на култната трева во Лондон, додека во второто полуфинале ќе играат Ѓоковиќ и Баутиста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Надал околу тоа за кој навиваше Рафа во финалето на Вимблдон

(ФОТО) Цензура на најако: За медиумите во Албанија не постои Ѓоковиќ

Ноле по новата титула на Вимблдон ги израдува фановите во Македонија

Љубомората е опасна работа: Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал

(ВИДЕО) Мирка не можеше да гледа, а Роџер на крајот ја разочара: Клучниот момент во финалето

(ФОТО) Статистиката е како бикини, тоа најдобро го почувствува Федерер

Она што го направи Ноле, не успеал никој од 1948 година

(ФОТО) Му го сменија и името на Тоблероне во чест на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ и Федерер го срушија рекордот на Вимблдон