Тенисерот кој е 103-ти по ранг на АТП ги нападна Федекс и Рафа: Многу сте себични!

Канаѓанецот Брејден Шнур, смета дека Роџер Федерер и Рафаел Надал се себични и си гледаат само за себе, бидејки не се заложуваат и борат многу за полошо рангираните тенисери.

Тенисерите кои учествуваат во квалификациите за Австралија Опен, деновиве се соочија со низа проблеми со вдишувањето на чист воздух, пред се поради опожарените местао.

Иницијатива мора да се отпочне, но таа мора да почне од момците на врвот. Роџер и Рафа се помалку себични, мислат само за себе и своите кариери. Им се ближи крајот и размислуваат само за својата оставштина. Не им е гајле за спортот, ниту да сторат нешто добро за луѓето околу себе. Тие мора да се заложат да играме сите ние во подобри услови“, рече 103 по ранг на АТП, тенисер од Канада, Брејден Шнур.