Голем број тенисери решија да го кренат гласот против АТП бидејќи најавените промени во овој спорт претставуваат „удар за нивното постоење“.
Откако стана јасно дека се намалува бројот на „двојки“ на турнирите, дури 49 тенисери, од кои повеќето од ТОП 20 на листата на играчи во парови, испратиле писмо до АТП со закана за тужба. Планот беше правилата да почнат да се применуваат од Вимблдон, па засега новите правила се „повлечени“.
Причината поради која АТП ја повлече оваа одлука е тоа што смета дека не им соопштиле на играчите доволно рано каков потег планираат, иако оваа промена неминовно ќе се случи во иднина затоа што организацијата забележала дека тие не се доволно атрактивни на турнирите.
Според нивното мислење, воведувањето вакви ограничувања на крајот на сезоната „може да ја уништи можноста голем број тенисери да продолжат да заработуваат од овој спорт“.