Тенис нема да се игра најмалку до 8 јуни

АТП и ВТА денеска официјално соопштија дека тенис нема да се игра барем до 8 јуни.

За потсетување, претходно челниците на Ролан Гарос соопштија дека овој турнир ќе биде поместен за крајот на септември, а денеска пристигнаа информации дека и останатите турнири, кои требаше да се играат до 8 јуни, се одложени.

Најпрво беше погоден Индијан Велс, па потоа Мајами, а оваа одлука значи дека ќе биде одложена целата сезона на земјена подлога и дека тенисот ќе се врати дури на тревна подлога.

Инаку, исто така е соопштено дека подовите од АТП листата ќе бидат замрзнати и дека никој од тенисерите нема да губи бодови поради неиграње турнири, што значи дека нема да има никакви промени во рангирањето.

Ваквата одлука најмногу би му одговарала на Роџер Фердерер кој неодамна го оперираше коленото и секако не планираше да се врати на терените до Вимблдон.