Манчестер Јунајтед ја победи Барселона со 2:1 и со тоа се пласираше во осминафиналето на Лига Европа со вкупен резултат 4:3. Барселона поведе со голот на Левандовски во 18. минута од пенал, но во вториот дел следеше пресврт. Фред погоди во 47. минута, а Ентони во 73. минута за пресврт. Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг го коментираше натпреварот.
„Мислам дека ова е најголемата победа откако дојдов во клубот. Имавме добри победи, особено против Ливерпул и Арсенал на домашен терен. Мислам дека овој двомеч против Барселона, водечкиот тим во шпанското првенство со осум бода повеќе од Реал Мадрид е најдобар“, изјави Тен Хаг за БТ Спорт и додаде:
„Имаме одлични карактери во тимот. Имаме играчи како Рафаел Варан и Лисандро Мартинез. Антони и Гарначо исто така се бестрашни. Дури и кога губиме, сите играат. Отпорни се на притисок и фокусирани на голот. Секогаш веруваат можат да направат пресврт“.