Телефонскиот повик на Хамилтон до Верстапен во кој Британецот препознал нешто негативно

Британскиот возач Луис Хамилтон откри дека по инцидентот во Силверстоун, веднаш по трката го побарал Макс Верстапен, да се увери дека е се во ред со него.

Холандскиот возач како што знаеме, го извлече подебелиот крај на британското Гран при, откако излета и му остави чист терен на Хамилтон да ја анулира целосно големата бодовна разлика, што подоцна Луис тоа и го направи.

Но Верстапен како и поголем дел од публиката, се уште му се лути на Хамилтон за валканиот потег.

Го повикав Макс по трката да проверам како е и да му порачам дека и понатаму го почитувам многу, но јас не сум сигурен дека тој го има истиот став кон мене“.

„Нашиот фокус е на следниот викенд, вложивме многу и мислам дека успеавме да се издигнеме како тим. Мислам дека Ред Бул и понатаму има предност и постои можност на вакви места повторно да бидат побрзи од нас“, констатира Хамилтон.