Може да се случи она што беше незамисливо со години.
Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, седумкратниот светски шампион, Британецот Луис Хамилтон би можел да ја продолжи кариерата во Ферари, ексклузивно пренесоа медиумите на Островот.
Хамилтон има разочарувачка сезона во Мерцедес, а Ферари се обидува да го искористи тоа и да го ангажира за 40.000.000 фунти.
Ферари не може да дојде до шампионската титула, па доаѓањето на 38-годишниот Хамилтон би ги подобрило нивните шанси, бидејќи Шарл Леклер и Карлос Саинц не покажаа шампионски материјал.
Ферари веќе стапил во контакт со Хамилтон и му понудил договор за следната сезона, а се уште не се знае кого би заменил Британецот во легендарниот тим.