Тажна вест: Спортист на 36-годишна возраст почина од корона вирусот

Ирхад Зукиќ (36), обожавател на екстремни спортови, почина утрово околу 5 часот, а неговата смрт погоди многу граѓани на Сараево.

Клубот на екстремни спортови „ЕкстремСпорт Сараево“ се збогува со својата членка со емотивен статус.

– Нашиот драг, наш сакан, нашата весела насмевка… Вашето ненадејно заминување ги скрши нашите срца. Бескрајно сме благодарни за сите моменти на среќа што успеавме да ги споделиме затоа што поминувањето време со вас отсекогаш било среќно, насмеано и посебно.

Mili nas, voljeni nas, vedri osmjehu nas… Tvoj iznenadan odlazak je slomio nasa srca. Beskrajno smo zahvalni za sve…

Gepostet von ExtremeSport Sarajevo am Mittwoch, 22. Juli 2020

Бидете уште толку весели, добри и насмеани каде летате сега, затоа што ќе ве памтиме како такви, пријателе добар – наведува клубот од „ЕкстремСпорт Сараево“, пренесува Н1.