Тажна вест од Охрид: Загина млад 17 годишен ракометар

Тажна вест ни доаѓа од Охрид, 17 годишно момче од село Лешани, излетал од патот при што го загубил животот.

Станува збор за млад и надежен ракометар на ГРК Охрид, Јован Николовски. Веста е соопштена од неговиот клуб.

Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“, објавија од охридскиот клуб

.