Една од најуспешните тенисерки во историјата Серена Вилијамс објави дека ќе ја заврши својата играчка кариера, најверојатно по УС Опен.
Неодамна, таа ја забележа првата победа по пауза од 14 месеци, но за новото издание за магазинот Вог потврди дека се повлекува од тенисот.
„Тоа е најтешка работа која можев да ја замислам. Не сакам да биде кра, но истовремено подготвена сум за она што претстои. Морам да се фокусирам на мајчинството, на моите духовни цели, но и натаму да бидам Серена. Ќе уживам во тоа следните неколку недели“, порача Вилијамс.
Во својата кариера, која траеше повеќе од две децении, таа освои 23 Гренд слем титули и доминираше во тенисот од почетокот на овој милениум.