Татран Прешов е првиот предизвик за засилениот Вардар

Вардар во петок патува за Прешов на меч против Татран. Ракометарите на Вардар во Скопје ги одбработуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната, а викендов ќе гостуваат во Прешов, Словачка каде ќе го играат првиот меч од новата сезона во СЕХА Газпром лигата. Средбата меѓу Вардар и Татран е во сабота од 16 часот.

На подготовките во Скопје недостасуваат само репрезентативците кои настапуваат на СП во Полска и Шведска. Тие ќе пристигнат во четврток, а потоа заедно со екипата патуваат за Прешов.

Со тимот тренираат и Михаил Аларов кој дојде од Пролет, и Бразилецот Леонардo Дутра. Томислав Јагуриновски поради скинато мускулно влатко предвреме се врати од СП, и беше на поштеда, но и тоj ќе патува за Словачка.

„Ги одработуваме подготовките во Скопје и со ракометарите кои максимално посветено ги извршуваат задачите. Поради настинки некои отсуствуваа од некои тренинзи, но најважно е што како се наближува почетокот на првенството формата се подобрува. Ме радува што и новите играчи веќе влегуваат во системот на Вардар, но секако ќе им треба време.

Со Дутра, Аларов и Јагуриновски ќе имаме и можност за поголема ротација во играта. Ги очекуваме и нашите репрезентативци од СП со кои Вардар пролетва ќе биде повторно силен. Не очекуваат повеќе натпревари, а веднаш по гостувањето во Словачка се враќаме дома и следната среда ќе бидеме домаќини на Партизан повторно во СЕХА лигата. Очекувам и публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

За мечевите од СЕХА лигата, против Партизан и против Татран веќе се пуштени во продажба билетите, кои може да се купат преку продажната мрежа на MkTickets.