Таткото на Фетел: За него е болно што е на задниот дел

Себастијан Фетел ги шокираше фановите на Ф1 со објавата дека ќе се повлече од ова натпреварување на крајот од сезоната.

Четирикратниот светски шампион од времето кога возеше за Ред Бул не успеа да биде конкурентен во болидот на Астон Мартин, а неговиот татко Норберт открива дека трката во Австрија била пресудна за одлуката за пензионирање.

„Штета е, но јас го разбирам. Имаше неверојатна кариера, но во Австрија го погоди најниската точка. Го болеше што мораше да вози на самиот крај. Тоа секако ја поттикна неговата одлука“, објасни Норберт Фетел во изјава за РТЛ.

Последната победа Фетел ја имаше во Ферари во 2019 година, а минатата сезона само еднаш заврши на подиумот, исто како и во 2020 година.