Татко му на Хабиб во кома!

Пред неколку дена беше објавено дека Абдулманап Нурмагомедов има здравствени проблеми и дека е в болница во Дагестан.

Неговата состојба во меѓувреме е променета поради што итно бил префрлен во Москва. Според извештаите оттаму, во моментов тој е во кома и лекарите им забраниле посети дури и на членовите на неговата фамилија.

Наводно, тие не сфатиле веднаш дека станува збор за срцеви проблеми, а не само за воспаление на белите дробови по што состојбата се влошила. Некои дури велат дека ќе биде вистинско чудо ако Абдулманап излезе од кома.