Татко му на Ѓоковиќ се отвори: Бев на работ на смртта!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот светски рекет Новак, гостувајќи на телевизијата Б92 се присети на болеста која ја имал пред неколку години.

„Беше многу тешко, имав сепса и три дена животот ми висеше на конец. Ме префрлија во Минхен бидејќи немав услови за лекување. Новак тогаш го играше завршниот турнир во Лондон и титулата ми ја посвети мене. Претходно бевме заедно и не сакаше да оди на турнирот. Му реков дека мора да оди, дека ми дава сила кога игра и победува“, изјави постариот Ѓоковиќ.

За среќа, немало поголеми последици по неговото здравје, па и ден-денес го придружува својот син на турнирите.