Татко му на Ѓоковиќ го шокира светот: Новак нема да игра на Австралија Опен!?

Срѓан Ѓоковиќ гостуваше на српската телевизија Прва и дел од интервјуто посвети на својот син кој е во центарот на вниманието на светската тениска јавност поради неизвесноста дали ќе игра на првиот Гренд слем во новата сезона.

Иако не одговори конкретно, повозрасниот Ѓоковиќ најави дека Новак многу веројатно нема да се појави во Мелбурн, поради барањата за вакцинација на тенисерите.

„Ситуацијата е непријатна поради сите тие соопштенија на властодршците во покраините во Австралија кои си дадоа себеси право да го прозиваат деветкратниот шампион на Гренд слемот. Дали тој ќе се појави таму, зависи од тоа како тие ќе се постават, Новак би сакал со цело срце бидејќи е спортист. Под овие уцени и услови, веројатно нема, јас тоа не би го направил, а тој е мој син, па заклучете сами“, изјави Срѓан.

Гренд слемот во Австралија почнува на 17 јануари, а Ѓоковиќ уште јавно не објавил дали е вакциниран и дали ќе игра на турнирот.