Филип Талески беше ракометарот кој доби пендрак во глава од полицаец по мешаницата нанатпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
По самото завршување на натпреварот, се случи мешаница на теренот, а во целиот инцидент, Талески го собра најдебелиот крај, доби удар со пендрек во глава од полицаец, удар кој изгледа неосновано, за што така тврди и самиот ракометар на Вардар.
„Наеднаш дојде од позадина и со пендрак замавна со цел да ме удри. Да не бев јас, можеби ќе беше некој друг играч, но се виде дека со намера го направи тоа, да употреби сила. Добро ме поткачи, не сум многу удрен, но го осетив ударот на пендрекот“.
За инцидентот има медицински извештај за повредата која му ја нанел полицаецот. По инцидентот Талески бил повикан и на распит во МВР.
По советување со адвокат, вели дека размислува да поднесе тужба кон полицаецот.
„Удрен сум на лицето, видов дека доаѓа и сака да удри, но се тргнав малку настрана па спречив посилен удар. Среќа изреагирав многу присебно, меѓутоа имав некоја среќа да не добијат уште посилен удар. Видов во неговите очи дека е подготвен повторно да удри, а немаше таква ситуација за тој така да интервенира“, порача Талески.