ТАЛЕСКИ: Кажав дека ќе го решам натпреварот

До пред неколку месеци беше жестоко критикуван за своите игри, а доживеа тотален пресврт по Европското првенство.

Сега Филип Талески е суперѕвезда во македонскиот ракомет и вечерва херој на навивачите на Вардар по финалето од Купот на Македонија. Пред два дена го растури вториот тим на Пелистер, а вечерва го постигна голот за трофеј на најуспешниот македонски ракометен колектив во историјата. По мечот откри нешто што никој не го знаеше.

„Името Вардар е големо и тешко. во изминатите години се покажува тоа. не се откажува овој клуб до последната секунда. Што се однесува до мечот, водевме четири разлика, па ни направија серија 0-8, имавме во вториот дел негатива од пет гола разлика, но верувавме во себе. Имав доста грешки во напад и во одбрана во мечот, но по педесеттата минута почнав да играм подобро. Кога дојде резултатот тесен, кажав дека ќе го решам натпреварот и на крајот го направив тоа“, изјави Талески.