Талески и Рајн Некар патуваат со +2 кај Нант и Лазаров на реваншот во ЛШ

Во Манхајм вечерва гледавме извонредно возбудлив меч помеѓу домаќинот Рајн Некар Левен, против тимот на Нант, на кој славеа домашните со +2 (34:32).

Со +2 РНЛ патува на реваншот кај Нант, каде ќе биде уште поинтересно да се види која од овие две екипи ќе оди понатаму во ЛШ.

Ова беше дуел на нашите двајца репрезентативци, младиот Талески кој го носи дресот на „лавовите“ и кој има лимитирана минутажа, против еден од водачките на Нант, Кире Лазаров, капитен на ракометната репрезентација.

Во победата на РНЛ вечерва најефикасен беше Колбахер со 11 голови, додека во редовите на Нант најдобар беше Ниокас со 7 погодоци, Лазаров учествуваше со два гола во вечерашниот пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени групите за новата СЕХА сезона – познати ривалите во група за Вардар и Еурофарм

Екс репрезентативецот најново засилување на Металург

Мојсоски не мрда од Бутел

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец