Тајниот план на Ањели: Јувентус ќе има свој Гвардиола!

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели планира да почне сосема нова епизода во историјата на клубот со тоа што ќе се обиде да создаде тренер на долг рок.

Станува збор за Андреа Пирло кој денеска ја прифати понудата да ја води У23 екипата на торинскиот клуб. Негов асистент ќе биде досегашниот асистент на младинскиот тим на Наполи, Роберто Барони кој му беше соиграч на Пирло во младинските селекции на Италија и со кого заедно освои европска шампионска титула.

На клупата на вториот тим Пирло ќе го наследи Фабио Пекија кој не успеа да избори пласман во Серија Б. Но, тоа е само почеток на пеколниот план на Андреа Ањели.

Според извори блиски на клубот, тој во Пирло гледа „„Гвардиола на Јувентус“. Првите сезони ќе му послужат за собирање искуство, а за неколку сезони, можеби веќе во 2022, Пирло ќе биде назначен за шеф на стручниот штаб на торинскиот клуб. Дали ќе успее планот, ќе знаеме за неколку години.