Тајгер Вудс во ужасна состојба – двете нозе му се скршени

Голферот Тајгер Вудс доживеал страшни повреди во сообраќајната несреќа што се случи синоќа по средноевропско време.

Неговиот живот, според извештаите, не е во опасност, но има потрес на мозокот и скршеници на зглобовите и колената на двете нозе. Докторите велат дека ќе му биде потребно долго време, можеби и години додека се опорави и продолжи со нормален живот по она што му се случило.

Доцна синоќа му биле извршени неколку операции, а и за денеска е закажана уште една. Неговиот портпарол само кратко објави дека има повеќекратни повреди на нозете и побара јавноста да ја почитува неговата приватност.