Тажна вест ни доаѓа од Велика Британија. На 42-годишна возраст почина Хелен Смит, една од најпознатите британски спортистки и една од најпознатите пливачки во светот.
Хелен починала додека била на одмор во Лејк Дистрикт, а британските медиуми наведуваат дека таа починала во сон.
Ненадејната смрт беше голем шок за семејството, но и за спортот во Велика Британија.
Наводно Хелен немала никакви здравствени проблеми и по завршувањето на кариерата се грижела за своето тело и здравје, па нејзината смрт уште повеќе погодува.
Зад себе ги оставила сопругот, двете деца, родителите и братот. Најголемите резултати во кариерата ги постигнала на преминот помеѓу двата века.
На Игрите на Комонвелтот во 1998 година освои бронза, а во 1999 година беше вицешампион на светот.
Одличните резултати ѝ донесоа влез во тимот на Влеика Британија за Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, каде што се натпреваруваше на 200 метри грбно.