Светските шампиони ќе добијат нов тренер, повторно странец!

Заврши златната ера на Гордон Херберт на германската кошаркарска клупа. По Олимписките игри (ОИ) него му истече мандатот и тој како светски првак и четврти од Париз ќе го превземе Баерн Минхен.

Според „Марка“, прашањето за неговиот наследник е решено и нов селектор на Германија ќе биде Алекс Мумбру, човекот кој како играч беше светски првак со Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurohoops.net (@eurohoops_official)


Оваа информација ја објавија германските и шпанските медиуми, а наскоро се очекува и официјална потврда дека Алекс Мумбру ќе седне на клупата на репрезентацијата која лани на Мундобаскетот во Манила го освои златото, предводена од Гордон Херберт.

Мумбру на клупата на германската репрезентација ќе дебитира во ноември, против Шведска во квалификациите за Евробаскетот.

Во тренерските води тој „заплови“ во 2018 година кога го превзеде Билбао (клубот за кој настапуваше со години), а покрај баскискиот клуб ја водеше и Валенсија од 2022 година до овој април.

Германците повторно се решија селектор- странец (Херберт е Финец, роден во Канада). Човекот што Германеците се’ уште го паметат е Србинот, Светислав Пешиќ, кој им ја донесе титулата европски првак во 1993 година.

Како играч, Мумбра мина две сезони во Хувентуд, исто толку и во Реал, пред да заигра за Билбао, долги девет години.

Во АЦБ лигата настапи на 677 натпревари, а за шпанската репрезентација одигра 113 меча, освојувајќи пет медали, од кои два златни, на Мундобаскетот 2006 година и на Европското првенство (ЕП) три години подоцна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО