Светскиот шампион фрла гранати кон Русите

Светскиот шампион во тешка категорија Олександр Усик (36) повторно се најде на фронтот за да го подигне моралот на украинските борци во одбраната на земјата од руската окупација и лично испука неколку гранати на спротивставените позиции.

Олександр Усик реши повторно да оди на фронтот и да го подигне моралот на украинските борци кои се борат да ја одбранат Украина од руската окупација.

Светскиот шампион во тешка категорија лично реши да испука неколку гранати на противничките позиции. Сè помина во смеа и борците добија дополнителен морал.

„Олександар Усик е нешто посебно за нашите борци на фронтот. Тој им даде одредени совети, им порача да се држат заедно и да бидат посветени на одбраната на земјата. Тој е вистинска инспирација за сите“, се вели во соопштението на украинската армија.

На почетокот на војната, самиот Усик беше вклучен во акциите. Тој застана прв во одбраната на Киев и беше фотографиран со оружје на почетокот на руската окупација.