Светот има нова тениска сензација: Андрееску – прва освојувачка на Гренд слем родена во новиот милениум

Канадската тинејџерка Бјанка Андрееску е сензационална освојувачка на УС Опен откако во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 2-0 (6-3, 7-5).

Со тоа стана првата тенисерка што стигнала до Гренд слем трофеј, а е родена во новиот милениум (јуни 2000 година). Сето тоа го направи за само 101 минута, покажувајќи дека ништо не и значат авторитетот и успесите на многу пославната противничка.

Првиот брејк го направи веќе во првиот гем и успеа да го сочува со исклучително рутинирана игра иако се работи за 19-годишна тенисерка. Во вториот сет беше мнпгу подраматично. Андрееску водеше со 5-1 и имаше сервис, а во гемот и една меч-топка. Вилијамс успеа не само да го освои тој гем, туку и да дојде до 5-5. Сепак, Канаѓанката не се исплаши, освои два гема по ред и дојде до големиот триумф.

Серена Вилијамс го претрпе четвртиот пораз во низа во финалните натпревари од Гренд слем турнирите и пропушти уште една можност да се израмни со рекордерката Маргарет Корт со 24 трофеи.