Светот доби нов шампион: Оливеира се закани дека ќе го убие Махачев, па беше патосиран!

Рускиот борец Ислам Махачев го совлада Чарлс Оливеира во главната борба на UFC280 за светскиот појас во лесна категорија.

До триумфот дојде на импресивен начин пред повеќе од 18.000 публика во Абу Даби. Титулата ја држеше неговиот пензиониран пријател, Хабиб Нурмагомедов, кој по натпреварот му го предаде појасот.

Махачев стигна до 11 победа во низа, а воедно ја прекина и серијата на Оливеира од 11 последователни победи. Бразилецот меот го предаде веќе во втората рунда.

Русинот уште од стартот го контролираше натрпеварот, а во втората рунда го погоди со неколку сериозни удари кои за овој беа крај на борбата.