Сурово признание на Кирјос: Ме излекуваа од паб во 4 наутро, за да играм меч против Надал

Aвстралискит тенисер Ник Кирјос признава дека во 2019 година излегувал од пабови во 4 часот наутро, за по неколку часа да игра меч, на пример против Рафаел Надал во 2. коло на Вимблдон.

Надал тогаш славеше со 6:3, 3:6, 7:6, 7:6, а оваа година Кирјос стигна до четвртфиналето, каде ќе се сретне против Чилеанецот Кристијан Гарин.

Кирјос истакна дека се сменил во текот на годината, поради што сега е подобар тенисер и сака да оствари нешто повеќе.

Менаџерот мораше во четири часот наутро да ме извлекува од паб, за по неколку часа да играм меч во 2. коло против Надал на централниот терен на Вимблдон. Во животот многу минав низ тоа. Порано не се одвојував од телефонот, читав се што се пишува за мене, но сега сум поинаков, сето тоа ми е смешно и не ме засега. Денес можам да го издвојам тенисот од мојот приватен живот и тоа е добро. Сега сум во четвртфинале и тоа е добро, знам дека тоа фрустрира повеќе луѓе“, смета Ник Кирјос.