Судот во Бразил денеска го казни прославениот фудбалер Нејмар со околу 3,1 милион евра, поради кршење на еколошките прописи.
Напаѓачот на ПСЖ е казнет поради изградба на вештачко езеро без еколошки потребна дозвола од тамошните власти.
Меѓу утврдените прекршоци се и неовластено пренасочување на водотокот, како и неовластено преместување на земјата и билките. Нејмар има право да се жали следните 20 дена.
Фудбалерот на ПСЖ оваа недвижнина на која сега гради, ја купи во 2016 година, а според извештаите на локалните медиуми, цела парцела се простира на 10.000 квадратни метри, а вклучува и хелиодром и спа центар.