Судиска лекција до „непослушните“ – ако не ви се гледа тенис, да си одите дома!

Судијата кој го арбитрираше тенискиот меч помеѓу Новак Ѓпковиќ и Денис Шаповалов, на неколку наврати им се обрати директно на немирните навивачи.

Моментот во кој судијата реагираше навистина жестоко се случи во вториот сет при сервис на канадскиот тенисер.

Додека тој се подготвуваше за сервис, од трибините се слушна свиреж, или низа од нив.

Дами и господо, ве молам, ова е тениски меч, најважната работа помеѓу јас е почитта која мора да ја имаме. Ако го работите тоа против Канаѓанецот, или Србинот, почитувајте ги играчите. Ве молам, ако не сакате да гледате тенис, да си одите дома, не ги вознемирувајте лушето кои сакаат да гледаат“, порача Карлос Бернардес.